еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стевчо Јакимовски повторно стана градоначалник на скопски Карпош

Кандидатот за градоначалник на Карпош на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вечерва прогласи победа. Тој изјави дека Карпош повторно ќе биде водечка општина и оти вратите на локалната самоуправа ќе бидат секогаш отворени за граѓаните без разлика дали тие гласале за него или не.

–  Во наредниот период ќе ги корегираме грешките, ќе работиме уште попосветено и поорганизирано и уште повеќе ќе бидат отворени вратите на Карпош за да ги решаваме нивните секојдневни проблеми.

Чувствувам големо задоволство, но никако триуфализам. Сакам да им порачам на граѓаните дека сите сте добредојдени во Општината, без разлика дали сте гласале за мене, рече Јакимовски.

Тој рече дека од самиот почеток бил убеден дека ќе победи, бидејќи верувал во народот.

– Ме почестивте како никогаш досега. Ова е најсреќниот момент во мојот живот. Никогаш не ја изгубив вербата во Карпош, рече Јакимовски.

Во вториот круг од изборите, Јакимовски за противкандидат го имаше Душко Весковски од СДСМ.

МИА/Фото: Фејсбук/Јакимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сарказам за Бугарија и иронија со ЕУ, значела шегата на Рама за “западна Бугарија“

Редакција

(Видео) Сторијата на ИРЛ, „Нечиста крв“ ја шокира Македонија, Обвинителството оформи предмет

Редакција

МПЦ-ОА со реакција за ставот на Бугарите за потеклото на Охридската Архиепископија

Редакција