еМагазин
Image default
Да помогнеме

После шест години поминати во искушение со изгубен вид и пет операции на глава, да го направиме посветол животот на Ивана

На социјалните мрежи се шири апел за лекување на Ивана Атанасовска.

„После шест години поминати во искушение со изгубен вид и пет операции на глава поради хидроцефалус и атрофија на очниот нерв, добивме надеж дека може да се поврати видот барем малку ако не целосно.

Најдовме клиника во Русија, во градот Уфа да се направи операција т.е. вградување на био материјал алоплант, а операцијата ќе ја прави доктор Е.Мулдасев. Операцијата ќе биде во јануари. А, сега ги правиме подготвителните третмани во Куманово во ординацијата „Ентерпрајс“, кај доктор Томовски.

Ги замолувам сите хумани луѓе да ни помогнат со донација на парични средства. Да го направиме посветол животот на мојата ќерка Ивана, донирајте за да не ја изгубиме последната надеж“, се вели во апелот за помош на Ивана.

Можете да донирате на:

Т мобиле 143 434

и на жиро сметка на Тутунска банка 210-7000006219-06 на име Ивана Атанасовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоолошка со кампања „Креирај и донирај“: Проект за разубавување на Скопје ЗОО и живеалиштата на животните

Редакција

Втора хуманитарна акција на инфлуенсерот Кристијан Станковски – Бомбакис

Редакција

Да помогнеме: Четиригодишниот Љупче е роден со кифосколиоза, состојбата се влошува треба да се оперира во Турција

Редакција