еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Столтенберг бара од Русија да ја повлече и воената опрема не само трупите

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево изјави дека НАТО очекува посилен знак на деескалација од најавата за повлекување на војниците во и околу Украина.

Според него военото засилување со артилерија и опрема на Русија продолжува, а трупите можат да се вратат во секој момент.

– Не гледаме деескалација на терен, нема намалено воено присуство на границата, ние ќе продолжиме да набљудуваме од блиску што прави Русија, имаме знаци дека има волја во Москва за ангажман во дипломатски напори и тоа ни дава причина за внимателен оптимизам, рече Столтенберг денеска пред новинарите.

За НАТО, исто така, проблем е што Москва не ја повлекува воената опрема.

– Повлекувањето на опремата бара повеќе време од повлекувањето на трупите, тие влегуваат со тешка опрема и трупите можат брзо да се вратат назад, она што треба да го видиме е значајно и трајно повлекување на воените сили и на тешката опрема.

Она што го гледаме од минатата пролет е растечки тренд кој ќе има последици врз безбедносната состојба во Европа, додаде генералниот секретар на НАТО.

Алијансата, сепак, ги поздрави знаците на добра волја за разговори од страна на Русија и изрази надеж дека Москва ќе одговори на серијата предлози испратени од страна на НАТО до Москва на крајот на јануари кои би се разговарале во рамките на Советот НАТО-Русија.

Засега нема одговор од Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија повлекува дел од војниците на границата со Украина, дали ќе има деескалација на напнатоста?

МИА/Фото: Фејсбук/НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заболени од корона вирусот се зголемува во сите скопски општини

Редакција

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид ја прегазил жената која почина во сообраќајката кај Табановце

Редакција

Исчезнатиот 28-годишниот Миле Тодоров се бара и по манастири, во потрагата вклучен и хеликоптер

Редакција