еМагазин
Image default
Македонија

Столтенберг: На вас е да одлучите дали ќе гласате на референдумот, ние Ве чекаме во НАТО

За неколку недели ќе имате референдум на кој треба да се одлучите за иднината, за вашето членство во ЕУ и во НАТО. На вас е да одлучите дали ќе гласате и ќе го изразите мислењето, а НАТО е подготвен да ве прифати како 30. земја-членка, изјави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг за време на посетата на скопското село Стајковци, кое беше зафатено од поплавите пред две години.

Истакна дека на самитот во јули, сите членки на Алијансата се согласија Македонија да стане членка и да почне преговори за пристапување.

– Ако го имплементирате договорот за името, ке станете земја-членка на НАТО. Се надевам дека следниот пат кога ќе дојдам тука, ќе дојдам како земја-членка на Алијансата, рече Столтенберг.

Тој рече оти е среќен денеска што го посетува Стајковци, ја посочи помошта што војниците на НАТО ја пружиле на граѓаните пред две години за време на поплавите и истакна дека Алијансата ќе продолжи да биде тука да пружа помош кога е потребно.

– НАТО е повеќе од воена Алијанса, тука сме да помогнеме да ги направиме луѓето безбедни, додаде Столтенберг.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борел го осуди нападот на Пендиков и изјавите на националистичките политичари

Редакција

Антикорупциска го демантира Османи, има извештај за злоупотреба на возила на МНР

Редакција

Најмалку шест лица уапсени во голема полициска акција за апсење криумчари на мигранти

Редакција