еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Струмички „Жикол“ лидер, лани кај општините добил тендери вредни 22 милиони евра, следат Македонски телеком и Изградба-комерц

Концентрација на локални тендери кај мал број фирми, покажува Извештајот што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември 2021 година.

Во 2021 година локалните власти склучиле вкупно 3.752 договори за јавни набавки со 1.157 фирми, што е скоро идентичен број со бројот на фирми со кои биле склучени договорите во 2020 година.

Првите 10 фирми со најголема вредност на јавните набавки имаат удел во вкупната вредност на набавките од 24%, што е скоро идентична со уделот во 2020 година.

Листата од првите 10 фирми со најголема вредност на тендери кај општините во 2021 година ја предводи градежната компанија Жикол ДООЕЛ експорт импорт од Струмица, која има склучено вкупно 21 тендер со вредност од 22 милиони евра, по што следуваат Македонски Телеком со 31 договор вредни 7 милиони евра и Друштвото за градежништво, производство, услуги и трговија Изградба-комерц ДООЕЛ експорт-импорт Скопје со 11 договори во вредност од 5 милиони евра.

Интересно е што ниту една од трите компании што ја предводеле листата во 2020 година не се наоѓаат на врвот на листата во 2021 година. Станува збор за компаниите Гранит Скопје, Енерџи Деливери Солушнс ЕДС Скопје и Пелагонија од Гостивар.

Во однос на бројот на склучените договори, и во 2021 година апсолутен лидер е кочанската фирма Рики-Јуниор со 85 договори со вредност од 205 илјади евра. На второ место е АД Осигурителна полиса со склучени 50 договори од кои добар дел се и мали договори вкупно вредни 50 илјади евра, а на трето место е Друштво за проектирање,инженеринг,услуги и трговија ИНТ глобал инженеринг АВ увоз-извоз ДООЕЛ Битола со вкупно 39 договори кои вредат околу 300 илјади евра.

Најголемиот договор за јавна набавка склучен од страна на единиците за локална самоуправа е на Градот Скопје со Друштво за градежништво и трговија Жикол ДООЕЛ експорт импорт Струмица во вредност од 18,5 милиони евра за изградба на раскрсница улица „Скупи“ и булевар „8-ми септември“, раскрсница булевар „8-ми септември“ и булевар „Никола Карев“, булевар „Никола Карев“ и улица „Словенечка“.

Втор по вредност е исто така тендер на Град Скопје, од 6,5 милиони евра, со фирмата Македонски Телеком за набавка и имплементација на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град.

И третиот според вредност тендер на локално ниво е на Град Скопје во вредност од 4 милиони евра со Друштво за транспорт градежништво и трговија Вато ДОО Студеничани за изградба, реконструкција и одржување на улица „Борис Трајковски“ од крстосница во населба „Пинтија“ до кружен тек пред мост на Маркова река, фаза 2.

-Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2021 година содржи филтри за пребарување за сите фирми кои имаат склучено договор за јавна набавка. Прегледот овозможува да се види бројот и вредноста на договорите, како и општините со кои се склучени тие договори.

Пребарувањето на општините и на фирмите овозможува да се дојде до релевантни сознанија за евентуалната концентрација на одредени фирми во тендерите на одредена единица на локалната самоуправа, што во дадени случаи може да биде последица на реални состојби на пазарот, а во други да упатува на нелојална доминација на одредени фирми, велат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција, покажува анкета на Центарот за граѓански комуникации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени 1.800 акции од „Гранит“

Редакција

ЕСМ склучи договор со PD Comel од Србија вреден 1,9 милион евра

Редакција

Спасовски: Отворањето на центарот во Битола нема никако да придонесе кон подобрувањето на односите

Редакција