Колку долго антителата остануваат во организмот по инфекција со Ковид-19 е едно од клучните прашања кои се поставуваат од почетокот на пандемијата.
Новата студија објавена во Nature Microbiology е базирана на испитување на антителата на 38 пациенти и здравствени работници во болницата Сен Томас, кои биле заразени за време на првиот бран на пандимијата со Ковид-19, пред да бидат вакцинирани.
Наспроти почетниот пад на нивоата на антитела непосредно по инфекција, резултатите покажаа дека кај поголемиот број на луѓе (18/19 пациенти) антителата биле детектирани и 10 месеци по заразата.
Истражувачкиот тим предводен од д-р Кејти Дорс од Училиште за имунобиологија и микробиолошки науки, исто така тестираше како, антителата кои се создадени за борба против специфични соеви на Ковид-19, ќе реагираат на други соеви.
Се испоставило дека антителата генерираат силен одговор на повторна инфекција со ист сој, но биле помалку ефикасни во борба против другите соеви, пренесува King’s College London.
Фото: Unsplash