еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „Таргет-Тврдина“: Поранешен командир на ПС Ѓорче Петров раскажа за заканите по живот

Изминатиот период во Кривичен суд Скопје, се поднесени 105 писмени пријави за предјавување на оштетно побарување за случајот „Тврдина-Таргет“.

Причините за ваквиот начин на предјавување на оштетно побарување произлезе од последната ситуација предизвикана од Ковид-19, од кога се одложија неколку рочишта за случајот „Тврдина-Таргет“, односно за почитување на протоколите за заштита на сите граѓани кои влегуваат во судот од ширење на вирусот Ковид-19 во време на пандемија.

Во својство на сведок на денешното рочиште за главниот предмет за масовното незаконско прислушување свој исказ даде лицето Марјан Младеновски, кој појасни дека меѓу 2008-2015 година извршувал неколку задачи во МВР, меѓу кој и како командир ПС Ѓорче Петров.

– Сум бил незаконски прислушуван 150 дена. Кога извршував работни задачи како командир на ПС Ѓорче Петров, ми се случија многу неубави работи, пред тоа имав одлична соработка со раководството на МВР.

Во август 2011 требаше да идам на одмор, не ми дадоа дозвола. Пробав да стапам во контакт со министерката Гордана Јанкулоска, преку началникот на СВР Скопје, но не успеав.

Потоа и преку градоначалниците на Ѓ. Петров и Сарај, и сомнежот произлезе од кога ме контактираше еден од обезбедувањето на поранешниот премиер и ми се закани ако ја поднесам проблемската информација, тебе и на твоето семејство не ви се пишува добро, ќе завршите во гепек, рече сведокот.

После неколку дена влезе полициски службеник и ми рече: „ти уште си командир, а јас славам за твојата смена“, рече сведокот Младеновски, која најави оштетно побарување.

Слични проблеми сведокот Младеновски, рече дека имал и со еден член на обезбедувањето на тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Одбраната на обвинетите приговараше на овој исказ на сведок со образложение дека тоа што го кажа сведокот не е предмет на судење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Тврдина-Таргет“: Поранешен командир на ПС Карпош, бара 20 илјади евра зошто бил незаконски прислушуван

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО ДПМНЕ размислува да ја продава или изнајмува „Белата палата“: Колкава е нејзината вредност

Редакција

Најголем дел од новозаболените со Ковид-19 се на возраст од 30 до 39 години и над 60

Редакција

Внесувањето на Бугарите во Уставот е обврска и кон ЕУ, вели бугарскиот премиер Донев

Редакција