еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Меѓународен сојуз“ одложено за 3 март

Судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица се одложува за 3 март, на барање на надлежен јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа.

– Заради интерес на медиумите кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ ја информираме јавноста дека по барање на надлежниот јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа, судењето се одлага, за што веќе се известени странките во постапката.

Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 03.03.2021 година, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска и се наоѓа во доказна постапка.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Како правно лице обвинета е и невладината организација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието остана без еден потпретседател, констатирана оставката на Весел Мемеди

Редакција

(Фото) Прекршочна постапка за Македонка која графит „Смрт за шиптари“ преиначила во „Смрт за омразата, љубов за сите“

Редакција

Во МВР било пријавено фотографирање на гласачи на неколку избирачки места

Редакција