Следното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз” е закажано за 10 декември.
Судењето за овој предмет е во фаза доказна постапка, односно презентација на материјални докази од страна на Обвинителството.
Предмет на презентација на денешното рочиште беа разговори од „What’s App” меѓу обвинетиот Бојан Јовановски и повеќе други лица, меѓу кој и премиерот Зоран Заев.
Кривичниот совет во овој предмет го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова. Како застапник на обвинението денеска се појави обвинителката од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Милица Гаврилова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бојан Јовановски – Боки 13 отстранет од судница на рочиштето за „Меѓународен сојуз“
Судење за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 преку пораки комуницирал со Заев и Кирацовски
МИА