Судењето за случајот „Титаник” продолжува на 1 март. Овој судски предмет е уште во фаза на доказна постапка.
На денешното рочиште беше сослушан актуелниот премиер Зоран Заев, кој од позиција на сведок предложен од Обвинителството сведочеше за изборните нерегуларности вршени од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година.
Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.
Меѓу обвинети за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за изборните нерегуларности се обвинети Никола Груевски (во бегство), поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески и други поранешни високи функционери на оваа политичка партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.