еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за убиството на младиот Никола Саздовски одложено за 14. март

На 14 март ќе продолжи судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо.

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи денешното рочиште поради, како што рече, недоволното време за разгледување на вештачењето од реконструкцијата на убиството, што се одржа на 7 февруари.

Адвокатите на одбраната и оштетениот вчера биле известени дека е добиено вештачењето, но поради краткиот рок до денешното рочиште побарале да се одложи за следниот закажан термин.

Странките денеска ги добија актите доставени од страна СВР Скопје од Единицата за увид и анализа кои се произлезени од увидот на настанот, како и од дополнителното судско вештачење изготвено од судската медицина.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите

Редакција

Излезноста за гласањето во странство била 38,51, а во затворите 55 отсто

Редакција

Случај „Трезор“: Како „Финзи“ склучувала договори со МВР

Редакција