еМагазин
Image default
Бизнис

Судското рочиште меѓу грчката компанија „Интракат“ и штипски „Бетон“ закажано на 3 декември

Судското рочиште меѓу грчката компанија „Интракат“ и градежната компанија „Бетон“- Штип за неисплатени побарувања во износ од два милиони евра за изградба на новата Клиничка болница е закажано на 3 декември во Основниот суд-Штип.

Предметот е вратен назад во првостепениот суд, откако Врховниот суд ја укина пресудата.

Основниот и Апелациски суд во Штип пресудија во корист на штипски Бетон, кој побаруваше околу два милиони евра за изградбата на новата болница од компанијата Интракат, која е главен изведувач на проектот.

Министерството за здравство вчера информираше дека Банката на Советот на Европа, која е финансиер на проектот се повлекува, поради слабата динамика на изградба, а министерствата за здравство и финансии веќе работат на наоѓање на други финансиски извори за доизградба на објектот.

Договорот меѓу иведувачот и поранешниот подизведувач беше раскинат во 2018 година, по што следеше и судска постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради доцнење на изведбата, Банката на Советот на Европа се повлекува од финансирањето на штипската Клиничка болница

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нé чека економски тешка, но година со добри берзански можности, вели директорот на Капитал Ассет Менаџмент, Костадиновски

Редакција

Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид

Редакција

Во јуни раст од 9,5% на индустриското производство

Редакција