еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Суспендирани скопски и тетовски обвинител

Јавниот обвинител на Македонија донесе решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје за време додека трае дисциплинската постапка поведена против него поради основано сомнение дека сторил – Тешка дисциплинска повреда од член 91 став 1 алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство.

При вонреден надзор од Вишото јавно обвинителство Скопје, како што информираат од Јавно обвинителство е констатирано дека јавниот обвинител во значителен дел од предметите кои му се доделени во работа не ги презел неопходните дејствија согласно Законот за кривична постапка заради донесување мериторна јавнообвинителска одлука, при што кај еден дел од предметите настанало пролонгирање на постапката или застареност на кривичното гонење.

– Од почетокот на примената на новиот Правилник за начинот на спроведување на постапката за утврдување одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда, донесен на 18.05.2021 година, ова е петта поведена дисциплинска постапка за јавен обвинител.

Во другите четири постапки, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово исто така е донесено решение за оддалечување од функцијата, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола е изречена дисциплинска мерка – намалување на плата во износ од 20% во траење од четири месеци, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен е изречена дисциплинска мерка – намалување на плата во износ од 30% во траење од четири месеци, додека една постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид е во тек, информираат од Обвинителство.

Пред Советот на јавните обвинители во тек се жалбени постапки за уште тројца јавни обвинители за кои дисциплинските мерки беа изречени во дисциплинска постапка спроведена според стариот Закон за јавно обвинителство и претходно важечкиот Правилник.

Јавниот обвинител нагласува дека основна должност на јавните обвинители е секогаш, без оглед на околностите, да ги преземаат службените дејствија во согласност со важечкото национално и меѓународно законодавство и да ја вршат својата должност законито, непристрасно, праведно, посветено и во што е можно пократок рок.

Сите утврдени дисциплински повреди ќе се санкционираат согласно одредбите на Законот за јавно обвинителство.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Индија ја откри највисоката статуа во светот: Два пати повисока од „Статуата на слободата“

Редакција

2021 година без Скопски џез фестивал: Со предвидените средства од Министерство за култура, не може да се задржи квалитетот и реномето кое го има во светот

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција