Реисот Сулејман Реџепи вчера го прогласи корона вирусот за мртов.
„Да даде Господ да бидеме во подобри услови во нашата победа против злото. Меѓународното зло што го потресе целиот свет, целото човештво или пандемијата Ковид 19 што верувам дека ја победивме. Убеден сум дека го победивме и од овој момент можам да го прогласам за мртов еднаш засекогаш,“ рече Реџепи, а неговата контраверзна изјава ги разбранува социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ако не си се оженил до 40 не очајувај, Реисот нека ти биде пример„: Твитер реакции
Еве дел од твитовите:
Многу ми е жал што не го испративме реисот Реџепи во Вухан, во јануари. Ќе им ја умреше короната, ќе го спасеше светот.
— Биби Извичник (@The_BB_) May 24, 2020
дали ги известиме сзо оти вирусот умре?
— бојан (@b0stan) May 24, 2020
Св Ѓорѓи ја уби ламјата, Реизот ја уби короната…
— i999y (@i999y) May 24, 2020
Одлепи младожењава, прогласи крај на Ковид pic.twitter.com/534jK30JJu
— Персона нон Плата (@bojankuk) May 24, 2020
Реисот да прошета на инфективна клиника и да им објасни на луѓето што се на респираторни машини дека вирусот е умрен.
— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) May 24, 2020
Честито победата над Ковид 19.https://t.co/C2fQdmxBAi
— Миле Паника (@Mile_Panika) May 24, 2020
Фото: Фејсбук/Реџепи