еМагазин
Image default
Македонија

Свечена церемонија за Заев и Ципрас во Минхен, денеска ќе ја примаат наградата „Евалд Фон Клајст“

На премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска во Минхен ќе им биде врачена наградата „Евалд Фон Клајст“. Планирано е врачувањето на наградата да биде на посебна церемонијална вечера чиј домаќин ќе биде премиерот на Баварија, Флориан Херман.

Двајцата премиери во рамки на Минхенската безбедносна конференција ќе се обратат на заедничка панел дискусија за Република Северна Македонија и Република Грција, велат од Владата.

Премиерот Заев во Минхен престојува заедно со владина делегација во чиј состав се и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и пратеникот Џевад Адеми.

Владината делегација ќе учествува на повеќе настани што се одржуваат во рамки на конференцијата, а планирано е да реализира и повеќе билатерални средби.

Заев и Ципрас и официјално се номинирани и за Нобелова награда за мир.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На затворениците од Идризово им фалеле уште 32 метри за да избегаат, не се знае каде ја фрлале земјата од тунелот кој го ископале

Редакција

Детален преглед на пациенти со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Дисциплинска постапка за две лица вработени во УБК: Пронајдена марихуана кај нив

Редакција