еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сведоштво на девојка чиј татко се спаси од ковид-центарот во Тетово: „Пожарот изби многу бргу, моите, а и многу други избегаа низ прозорец“

Јована Костеска Србиновска, чиј татко се спасил од пожарот во ковид-центарот во Тетово на Фејсбук сподели што се случувало.

„Прво, огромна ама најогромна благодарност за медицинскиот персонал во модуларната болница во Тетово! Вложуваат надчовечки напори за секој пациент сместен таму и тоа е единствената вистина и став на моето семејство. Се останато напишано е невистина и срамота да се изврти!

Дека пациентите во модуларна се со придружба поради недостиг на персонал е точно, да, но сфатете дека бројот на хоспитализирани во Тетово е огромен! Медицинскиот персонал, колку и да е дефицитарен, прави се што може за пациентите згрижени таму и ова ви го кажувам од прва рака!

Не е фер да се изврти работата и да се оцрни името на персоналот – на татко ми вчера му помогнал да излезе еден човек, но сестра ми во таа паника не видела кој е, а денеска дознавме дека човекот бил дел од персоналот!

Се покајав што воопшто давав изјави за медиуми, бидејќи дел од нив од ваква трагедија сакаат да направат сензација (секоја чест за исклучоците, а ги има) и не почитуваат никаков етички кодекс. Ве молам не ни ставајте зборови во уста!

Муабетот дека поради пукнат штекер настанал пожарот – да, кажав дека таков муабет слушавме, а сигурно и сите вие во Тетово слушате. НО! Сестра ми и татко ми не виделе ништо, се што сакале во тој момент и таа паника било да се спасат и во никој случај не тврдат дека тоа е причината за пожарот, бидејќи пак напоменувам не виделе!

Дека пожарот изби многу бргу е факт, дека луѓе гореа живи за жал е факт, факт е дека моите, а и многу други избегаа низ прозорец, факт е дека колку и да го критикувате постоењето на придружба – придружбата заедно со персоналот им помогнаа на дел од пациентите да се евакуираат.

А најголем факт е дека ова е огромна трагедија за која верувам никој не посакувал да се случи – пожарот се рашири многу брзо и тоа е максимумот што можеше да се направи и спаси.

ВЕ МОЛАМ ПОВТОРНО – не ми ги извртувајте зборовите и не додавајте масло, дај да ги жалиме мртвите и да им помогнеме на преживеаните место да правиме приказни за поголема читаност,“ напиша Костеска Србиновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) 38-годишен тетовчанец, татко на две деца се излечил од Ковид-19, но не го преживеа пожарот во ковид-центарот

Од пожарот во ковид-центарот во Тетово спасени 12 пациенти, нема настрадани здравствени лица

Веста за пожарот во ковид-болницата во Тетово го обиколи светот

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу снег има на Попова Шапка, 40 сантиметри

Редакција

Задолжително вакцинирање за сите полицајци во Србија

Редакција

(Видео) Асим Муса, заменик министерот за здравство од ДУИ снимен како зема поткуп

Редакција