Лидерите на Светската здравствена организација (СЗО) изјавија дека високо заразниот сој омикрон на коронавирусот создава помалку опасен тек на Ковид-19 од глобално доминантниот делта сој, но не треба да се карактеризира како „благ“, бидејќи негативните рекорди паѓаат низ целиот свет, здравствените системи се поплавени и владите се обидуваат да го „скротат“ вирусот, што досега уби повеќе од 5,8 милиони луѓе.
Техничкиот директор на СЗО, Марија ван Керхове предупреди дека омикрон нема да биде последната варијанта на Ковид-19.
-За жал, омикрон нема да биде последната варијанта, вирусот продолжува да се развива, нагласи Керхове.
Во својот неделен извештај, СЗО соопшти дека бројот на случаи во неделата до 2 јануари скокнал за 71 отсто во споредба со претходната недела, на 9,5 милиони, додека стапката на смртност паднала за 10 отсто на 41.000.
МИА