еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Пандемијата со корона вирусот се влошува, а не слабее

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во јуни се регистрирани дури 60 отсто од вкупно 10-те милиони заразени со коронавирус во светот, што, предупредува таа, покажува дека епидемијата се влошува, а не слабее.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, изјави дека секој ден има по 160.000 нови случаи и ги повика сите држави да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.

-Пронајдете, изолирајте и грижете се за секој случај, следете ги и ставајте ги во карантин нивните контакти, обучете и опреметe ги здравствените работници, едуцирајте и оспособете ги граѓаните да можат да се заштитат себе си и другите, рече Тедрос.

Тој предупреди дека земјите што применуваат само дел од мерките имаат „долг пат“, пренесе „Гласот на Америка“.

-Не само тестирање. Не само физичко растојание. Не само следење контакти. Не само носење маски. Туку се одеднаш, рече Тедрос, нагласувајќи дека една од работите што ги научи во изминатите шест месеци е дека никогаш не е доцна да се промени ситуацијата во една земја.

Директорот на СЗО истакна дека носењето маска понекогаш може да спаси живот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Виз ер“ со нови мерки за безбедност од корона вирусот: Патниците ќе мора да носат маски за време на летот

Редакција

Градот Охрид се откажува од новогодишната програма, поради смртта на Стојаноски

Редакција

Лажни се тврдењата на Мицкоски за дестабилизација, вели Ахмети

Редакција