еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Пандемијата со Ковид-19 ќе трае и во 2022 година

Пандемијата со Ковид-19 ќе „трае една година подолго“, затоа што посиромашните земји не ги добиваат вакцините што им се потребни, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Д-р Брус Ејлвард од СЗО изјави дека тоа значи дека кризата со Ковид-19 може „лесно да се прошири длабоко во 2022 година“.

Продолженото траење на Ковид-19 е поради тоа што помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, додека на другите континенти вакцинирани се 40 отсто од населението.

Велика Британија испорача повеќе од 10 милиони вакцини до земјите на кои им е потребна, и вети вкупно 100 милиони. Огромен број вакцини против Ковид-19 се доставуваат во земји со висок и среден приход, додека во Африка само 2,6 проценти од дозите дистрибуирани ширум светот.

Група хуманитарни организации, во која спаѓаат Оксфам и УНАидс, ги критикуваа Канада и Велика Британија за набавка на вакцини за нивната популација преку механизмот КОВАКС, глобална програма за правична дистрибуција на вакцини поддржани од ОН.

Официјалните податоци покажуваат дека на почетокот на оваа година, Велика Британија добила 539.370 дози вакцина Фајзер, додека Канада нешто помалку од милион дози од вакцината „АстраЗенека“.

Д-р Ејлвард апелира богатите земји да им дадат приоритет на земјите со најниски примања за набавка на вакцини.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиничката болница во Штип склучи договор со “Пуцко петрол“, вреден 287,8 илјади евра

Редакција

„Ако користат едно лажиче, што не се возат во еден џип“: Владиката Петар на „тапет“ на Твитер

Редакција

„Виз ер“ со поддршка за украинските бегалци: 100.000 бесплатни места на сите летови од Полска, Словачка, Унгарија, Романија

Редакција