Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека Ковид-19 можно е никогаш да не исчезне.
За време на прес-конференцијата во Женева, извршниот директор на програмата за итни случаи во СЗО, д-р Мајк Рајан, изјави дека не може да се направат предвидувања кога светот ќе се справи со вирусот.
– Важно е тоа прашање да се стави на маса: овој вирус може да стане уште еден ендемичен вирус во нашите заедници и можеби никогаш нема да исчезне. ХИВ сѐ уште е тука, но ние најдовме начин да живееме со вирусот, рече Рајан.
Тој додаде дека дури и по пронаоѓање на вакцината, контролирањето на новиот вид ќе бара огромен напор. Во моментот се во тек повеќе од 100 тестирања за добивање на адекватна вакцина.
Повеќе од четири милиони луѓе низ светот се заразени со Ковид-19, а досега умреа повеќе од 300.000.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За два дена 11 новозаразени лица со коронавирусот во Прилеп
Двесетина лица се заразиле со коронавирусот на семејниот настан во Скопје
Убава вест: Уште 6 пациенти излекувани од коронавирусот, вкупно 1.235