еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО предупредува дека корона вирусот напаѓа се помлади луѓе

Многу повеќе помлади луѓе имаат потешка форма или умираат од новиот коронавирус, предупреди Светската здравствена организација.

Експертите на СЗО се обидуваат да откријат зошто се повеќе здрави пациенти, кои претходно немале никакво хронично заболување, се наоѓаат во одделите за интензивна нега со тешки форми на заразата.

„Се уште има многу непознати во моментот. Општо, повеќето од пациентите, кои имаат тешка форма на Ковид-19 и се примени на интензивна нега, се повозрасни лица и обично имаат една или повеќе хронични болести.

Сепак, она што се забележува во некои земји е дека пациентите на 30, 40 и 50 годишна возраст многу често завршуваат во оддел за интензивна нега, а случаите се повеќе завршуваат со смрт“, изјави експертот на СЗО, доктор Марија Ван Керхове на прес-конференција во Женева.

Изјавата на експертите од СЗО доаѓа во момент кога 13-годишно момче без никакви претходни здравствени проблеми, почина во понеделникот од Ковид-19 во лондонска болница.

Во Кореја еден од шест смртни случаи како последица од новиот коронавирус, се меѓу луѓе на возраст под 60 години, покажуваат статистичките податоци на СЗО.

Во Италија околу 10 до 15 отсто од луѓето, кои починале по интензивно лекување в болница, биле на возраст под 50 години.

Минатата недела во Велика Британија почина 21-годишна девојка заразена со корона вирусот, без да има претходно какви било здравствени проблеми.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без изразени симптоми 126 лица од заболените со коронавирусот во Македонија

Кај 108 лица од заболените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Голем раст: 52 здравствени работници во Македонија се заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Редакција

Заев не е повеќе премиер, Собранието ја констатираше неговата оставка и на Владата

Редакција

Пендаровски: Нема потреба за нова вонредна состојба

Редакција