еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО предупредува: Предвременото укинување на мерките може да доведе до фатално враќање на пандемијата

Предвременото укинување на мерките за ограничување за движењето, воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, може да предизвика „фатално враќање “ на пандемијата, предупреди директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус.

-Знам дека некои земји веќе се подготвуваат за излегување од изолацијата. СЗО, како и сите, сакаме да се укинат ограничувањата. Но, предвременото укинување на ограничувањата може да предизвикаат фатално враќање на пандемијата. Враќањето на пандемијата може да биде, исто така, смртоносно колку и неговото ширење, доколку недостасуваат потребните мерки“, додаде тој.

СЗО разговара со заинтересираните земји за подготовка на стратегија за постепено и безбедно излегување од изолацијата и смета дека треба да бидат исполнети шест барања.

Потребно е да се контолора пренесувањето на вирусот, да се обезбеди јавно-здравствена и медицинска поддршка, како и да се минимизира ризикот во изложената средина, како што се здравствените установи за долготрајно лекување.

Исто така, треба да се воведат и превентивни мерки за работното место, во училиштата и на другите посетени места, да се контролира ризикот од внесување на вирусот од странство и конечно на населението да му се довери одговорноста.

-Секој поединец носи дел од својата одговорност во борбата против епидемијата, истакна Тедрос.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот на МАНУ, Коцарев: Пикот на корона вирусот на почеток на мај со 1.100 заразени

Повеќе институции се вклучуваат во истражувањето на смртта на велешанката во чие што распаднато тело е откриен корона вирусот

Тројца штипски здравствени работници позитивни на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„За“ или „против“: Неопходно е да се излезе на гласање на референдумот

Редакција

(Видео) Трета нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Налеј, налеј“ во изведба на Миле Кузмановски

Редакција

Договорите за вработувањето на 18. лица на Токсикологија се невалидни

Редакција