еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО препорача трета доза на вакцина за лица чијшто имунолошки систем е ослабен

Стручната комисија на Светската здравствена организација (СЗО) препорача денеска „умерено и значително имунокомпримирани“ луѓе да добијат дополнителна доза вакцина против Ковид-19, одобрени од агенцијата на ОН.

Експертите на СЗО сакаа да посочат дека не станува збор за препорака на трета доза за општата популација, за што организацијата сè уште предлага мораториум до крајот на годината за ослободување на дозите за земјите со ниски стапки на вакцинација.

– Препораката што сега ја даваме е имунокомпромитираните лица да добијат дополнителна доза за да го зголемат нивниот имунолошки одговор на потребното ниво на заштита и со тоа да го спречат развојот на тешка форма на болеста што ќе бара хоспитализација или смрт, нагласи Кејт О’Брајан, директорка за вакцинација на СЗО.

Имунокомпромитирани лица – чиј имунолошки систем е ослабен – беа исклучени од клиничките испитувања во кои беа воспоставени протоколи за вакцинација.

– Оваа трета доза треба да се аплицира еден до три месеци по втората, нагласи О’Брајан.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 631 лице кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Блокадата на Собранието e неодговорно однесување што не носи добро никому, вели Ковачевски

Редакција

Прво научи ги луѓето да фрлаат ѓубре во контејнер, потоа дај им по една електронска картичка

Редакција