Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против К.М.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“ и Ф.А.(56) од село Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешка телесна повреда“ и “насилство“, информира МВР.
На 27 август годинава околу 05,00 часот на Автобуската станица во Тетово, по претходна вербална расправија поради недоразбирање во врска со такси превоз на лице, помеѓу пријавените таксисти настанала физичка пресметка во која истите си нанеле тешки телесни повреди, при што Ф.А. со употреба на тврд предмет му нанел повреди на К.М. во пределот на главата, додека К.М. со употреба на нож му нанел повреда на Ф.А. во пределот на стомакот, по што бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.