Специјалната обвинителка Катица Јанева, осомничена за криминал ви е странка во постапката чесен суде, а почитуваната обвинителка Ленче Ристоска на денешното рочиште е нејзин застапник. Бараме денешното рочиште да се одложи, истакна адвокатот Дончо Наков на денешното рочиште за „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое се одложи поради притворената Јанева.
Судијата Осман Шабани откако го ислуша излагањето на Ристоска, го одложи судењето за 3 октомври.
„Талир“ се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ во кое според СЈО се испрани околу 5 милиони евра.
Извор: sdk.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристоска не губи надеж: СЈО се уште постои, верувам дека ќе се најде извесно законско решение
Кои актуелни функционери ги гони СЈО?
Колку и кои предмети СЈО треба да ги предедаде на Јавното обвинителство?