еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Талир“ одложено поради неприсуство на претставник на ВМРО-ДПМНЕ

Поради отсуство на Игор Јанушев и Наум Стоилковски, кои се овлестени претставници на ВМРО-ДПМНЕ, судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше одложено за 16 мај 2019 година.

Пред почетокот на рочиштето, бранителот на еден од обвинетите, Донче Наков, го извести претседателот на судечкиот совет Осман Шабани дека поради обврски околу кампањата за претседателските избори, претставниците на партијата нема да можат да присуствуваат на судењето.

Обвинителката Ленче Ристовска рече дека ова е обид на обвинетите да го одолговлекуваат судењето поради фактот што денеска го известуваат судот, а не порано и предложи партијата да овласти повеќе лица кои би можеле да присуствуваат на рочиштата. Судијата Шабани го одложи судењето и јавно ја опомена партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков излегува од притвор, Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 28 лица, приведени 21

Редакција

Опцијата ПЦР тестови за влез во моловите и кафеаните ќе предизвикаше гужва на пунктовите и можност за ширење на вирусот, вели Заев

Редакција