еМагазин
Image default
Македонија

Таткото на Боки 13 призна дека го нападнал попот Стојчев

На денешното судење за нападот на попот Виктор Стојчев, таткото на Бојан Јовановски-Боки 13, Миле Јовановски призна вина и потврди дека физички го нападнал Стојчев.

Неговата адвокатка пред суд посочи дека немало да дојде до физичка пресметка, доколку Стојчев не упатил сериозни навреди кон Боки 13 во расправијата која се случила поради паркирање на автомобилот на Јовановски пред влезот на попот, кој им е комшија.

По признавањето вина, судијката Александра Ристоска закажа објавување на пресудата за во понеделник.

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските вакцини пристугнуваат утре, вакцинација од среда, најави Филипче

Редакција

Маж преставувајќи се како вработен во АНБ на управител на фирма му изнудил пари, накит и автомобили

Редакција

206 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција