еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Таткото на прободениот полицаец во Марино ги повика сведоците да не ги кријат извршителите

Гоце Филиповски, татко на полицаецот што викендов беше прободен со нож во угостителски објект во село Маарино, скопско преку својот Фејсбук профил ги повика лицата од обезбедувањето да кажат кој го употребил ножот по расправијата во која нaстрада неговиот син.

Тој обвинува дека извршители на делото се синовите на Звонко Цветковски, поранешен градоначалник на општина Петровец, сега советник во МВР.

По ваквите обвинувања Цветковски за 24 Вести изјави дека и неговите синови биле повредени во тепачката и негира дека тие го сториле делото.

„Тие учествувале, но не го направиле делото што е направено. Биле нападнати, моето дете и денеска беше во болница“ изјави Цветковски.

Според МВР, на 23.03.2019 година во 00,30 часот во СВР-Скопје било пријавено на улицата “532“ во угостителски објект во с.Марино–скопско дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу лицата: Ф.Ф. (27) од с.Кадино-скопско од една страна и А.Ц. и Ј.Ц. од друга страна, при што Ф.Ф. бил прободен со нож, информира МВР.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а А.Ц и Ј.Ц се приведени во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Му удриле нож по расправија во кафана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Вива Фреш„ од Косово ја купува „Студио Модерна„ во Македонија

Редакција

Претседателката на ССК, Арсовска: По чија мерка ќе се кројат постапките за јавни набавки?

Редакција

Убава вест: Оздравени 104 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција