еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„ТАВ Македонија“ нема планови или намери да влегува во бизниси различни од аеродромското работење

Во врска со вестa објавена денеска, на 24.11.2022, со споменување на ТАВ во текст за ЈСП, би сакале да изјавиме дека ТАВ Македонија нема планови или намери да влегува во бизниси различни од аеродромското работење, информираат од компанијата.

„Како компанија која котира на берза, ние сме транспарентни при секоја комуникација за стратегијата и идните планови. Оттука, бараме коректно медиумско известување без ширење на неосновани гласини кои можат да му наштетат на угледот и репутацијата на нашата компанија,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од грип починала 20-годишна девојка

Редакција

Оставката е лична работа на Мерко, Собранието не ги оценува ставовите на дипломатските претставништва, вели Џафери

Редакција

Убава вест: Оздравени 56 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Редакција