еМагазин
Свет

Тажни рекорди: Во САД над 30.000 починати од корона вирусот

САД втор ден по ред бележат трагичен рекорд по смртни случаи – во последните 24 часа, од корона вирусот починале 2.371 лице со што вкупниот број на жртви се искачи на 30.800.

Бројот на заразени надмина 640.000, а речиси 50.000 пациенти оздравеле. Првите случаи на заразата во САД беа пријавени на 29 февруари. За 38 дена, бројот на жртви достигна 10.000, а само девет дена подоцна починаа 30.000 луѓе.

И покрај фактот што бројот на починати и новозаразени лица секојдневно сè уште е голем, во некои делови на Америка епидемијата опаѓа.

Гувернерите на 20 држави во кои има заразени, веруваат дека на 1 мај можат повторно да ја придвижат економијата, датум кој претседателот Доналд Трамп го означи како почеток на отворањето на земјата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: САД ќе прекине да ја финансира СЗО поради пропустите за корона вирусот

САД со најголем број смртни случаи од корона вирусот, Италија падна на второто место

(Видео) Редици пред продавниците за оружје во САД, се стравува од немири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Пак расте бројот на заразени со Ковид-19 во светот

Редакција

СЗО: Има докази дека коронавирусот се пренесува преку воздух на јавни места кои се преполни со луѓе

Редакција

(Видео) Спасувачи во Турција, во урнатините пронајдоа два милиони долари и накит

Редакција