Во блок-трансакција вредна 5,7 милиони денари или околу 93.000 евра денеска на Македонската берза се продадоа 50 акции од „Реплек“.
Акциите се продадоа по цена од 115.000 денари за акција.
Вредноста на акцијата во овој блок е за 7.000 денари повисока отколку во блокот акции што беше продаден пред два дена кога беа продадени 56 акции по цена од 108.000 денари за акција.
Интересот за акциите расте откако во јавноста беше обелоденото дека голема група акционери не ја одобруваат работата на актуелниот менаџмент, прашање за кое ќе се дискутира на продолжението од последната седница на Собранието на акционери закажано за 22 април, годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акцијата на „Реплек“ стана повредна од злато: Следува ли битка за менаџерските позиции?
Продадени два блока акции од „Реплек“ за 98.000 евра
Реплек: Не е донесена одлука за отповикување на ниту еден член на Управниот одбор
За 27.000 денари се зголемила вредноста на акцијата на „Реплек“ за една година
Промет од 829.000 евра со акциите на „Реплек“ за осум месеци
Колкави биле примањата на Управниот и Надзорниот одбор на Реплек лани