Утврдени се побарувањата на доверителите на градежната компанија „Бетон Штип“. Стечајниот управник за овој поранешен градежен гигант прифатил побарувања од доверители во висина од 936 милиони денари или околу 15.344.000 евра. Оспорени побарување се вкупно 545 милиони денари.
На денешното испитно рочиште во Основен суд-Штип се јавиле околу стотина доверители на кои им се оспорени побарувањата.
„На денешното испитно рочиште, стечајниот управник се произнесуваше по приговорите поднесени против табелата на утврдени и оспорени побараувања поднесени од доверители на кои им е оспорено побарувањето“, информираат од Основен суд-Штип.
На оние доверители на коишто не им се прифатени побарувањата можат да покренат судска постапка.
Стечајна постапка за оваа компанија е отворена на 2 јули, годинава.
Градежната компанија „Бетон Штип“ има вкупно 577 доверители, од кои што 124 се фирми, а останатите се вработените во оваа компанија.
На 10 декември ќе се одржи Извештајно собрание во Основен суд-Штип, каде што доверителите треба да одлучат за судбината на компанијата. Има две опции едната е ликвидација, а втората реорганизација на компанијата.
Штипски „Бетон“ на македонската јавност и е позната по тоа што беше најголем корисник на тендерските постапки од проектот Скопје 2014.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската берза ги исклучи од котација акциите на „Бетон Штип“
Извршители влегоа во Бетон Штип
Доставено барање за стечај на штипски „Бетон“