еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Крајни десничари и популисти победија на изборите за ЕП во Франција, Грција, Унгарија…

Во избори со масовна излезност за Европскиот парламент со одзив на гласачите од близу 51 отсто, најголем во изминативе 35 години партиите од крајната десница, популистите и зелените забележаа победи во повеќе земји, што е силен знак против проширувањето на ЕУ, што секако ја засега и нашата држава.

Во Франција десничарската партија на Марин Ле Пен освои повеќе гласови од центристичката алијанса на претседателот Емануел Макрон. Макрон доживеа тесен пораз среде зголемена излезност на изборите низ целата Европска унија, а националистите добија повеќе места од претходно во многу земји.

Во Унгарија, владејачката партија Фидеш на премиерот Виктор Орбан на изборите за Европскиот парламент има убедливо водство со 56 отсто од гласовите.

Во Грција Нова демократија е прва, СИРИЗА втора, а Движењето на промена трета според објавените излезните анкети. Резултатите по 80 отсто од преброените гласови се Нова демократија (32-36 проценти), а СИРИЗА (25-29 проценти) од гласовите.

Промени има и во Германија. Партиите на владејачката демохристијанско-социјалдемократска унија која ја сочинуваат Унијата на Христијанско-демократска унија (CDU) и Христијанско-социјалнта унија (CSU), со Социјалдемократската партија на Германија (SPD), според првите прелиминарни резултати претрпела големи загуби на изборите за Европскиот парламент, додека партијата Зелени остварила историски најдобар резултат на некои избори на сојузно ниво.

Унијата CDU/CSU според првите прелиминарни резултати освоила 21,8 отсто од гласовите со што и натаму има најмногу добиена поддршка, но тоа е губење на 8,3 отсто од гласовите во споредба со последните избори за Европскиот парламент пред пет години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

9 бремени жени меѓу оздравените од корона вирусот во Македонија

Редакција

(Видео) Објавени нови имиња од аферата на ВМРO-ДПМНЕ, “Тајни имоти“

Редакција

Европската комисија ги повика Македонија и Грција да го почитуваат Договорот од Преспа

Редакција