еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Тешко оди откажувањето од руските енергенси: Бугарија бара од Европска Комисија за две години да се одложи запирањето на увозот на руска нафта

Претседателот на Комитетот за енергетика на Народното собрание на Бугарија, Радослав Рибарски, за „бТВ“ изјави дека Бугарија бара од Европската комисија (ЕК) за две години да се одложи запирањето на увозот на руска нафта.

Рибарски изјави дека засега нема официјален одговор од Европската комисија на барањето на Бугарија. Доколку не се добие одложување, Бугарија може да стави вето на заедничката одлука.

Бугарија е категорична дека „ќе се бори до последен здив за да добие одложување“.

Со предложениот шести пакет санкции против Русија, ЕК предвидува постепено прекинување на увозот на руска нафта до крајот на годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По Словачка и Унгарија и Бугарија и Чешка бараат изземање од ембаргото за руската нафта

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски нема да оди на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград

Редакција

Лидл бара заменици менаџери во повеќе градови низ Македонија

Редакција

Орбан доби четврти премиерски мандат: Ова е голема победа, се гледа и од Месечината, а и од Брисел

Редакција