Тетекс АД Тетово за периодот јануари-декември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.
“Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 48.831 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи и стоки.
Во останатите оперативни приходи е вклучена продажбата на недвижност во износ од 36.397 илјади денари.
За тековниот период се евидентирани финансиски приходи од примени дивиденди во износ од 66.471 илјади денари, додека финансиските приходи од примени дивиденди минатата година изнесуваа 41.560 илјади.
Добивката за периодот изнесува 89.453 илјади, наспроти добивката од 70.857 илјади денари во истиот период минатата година.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – декември 2021 година изнесуваат 58.055 илјади денари и во споредба со истиот период во 2020 година бележат намалување за 50%“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетекс со зголемена добивка во првите девет месеци од годинава
Колкав е уделот на Тетекс во добивката на ТТК Банка
Фото: Тетекс