еМагазин
Image default
Бизнис

Тетекс со зголемена добивка во првите шест месеци

Тетекс АД Тетово за периодот јануари-јуни 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 21.086 илјади ден, и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи и стоки.

За тековниот период во финансиските приходи од 17.781 илјади ден, се евидентирани приходите од примени дивиденди, додека минатата година не се бележат приходи од примени дивиденди.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2022 година изнесуваат 28.644 илјади денари и во споредба со истиот период во 2022 година, кога изнесувале 25.342 илјади денари, бележат зголемување за 13 %.

Остварената добивка за периодот изнесува 5.361 илјади, што претставува зголемување од 66% во однос на истиот период минатата година, кога истата инесуваше 3.231 илјади денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бобан Гоговски назначен за директор на Тетекс

Кој ги наследи акциите на Глигорие Гоговски во Тетекс

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Интернационални киоск системи“ го доби тендерот на ЈП „Паркинзи на општина Центар“ за набавка на пластикомати вреден 115.000 евра

Редакција

На општините и на Град Скопје им се забранува основање ЈП за јавно осветлување

Редакција

Антена, Канал 77 и Македонско радио, најслушани минатата година

Редакција