Секторот за внатрешни работи Тетово целосно расчисти и документира 18 тешки, 8 кражби и 1 обид за тешка кражба, за чие извршување се сомничи 38-годишниот тетовец Ј.Ц, против кого се изготвени и ќе бидат поднесени кривични пријави, информира МВР.
Ј.Ц. се сомничи дека во јуни, јули и август оваа година во Тетово насилно провалувал во возила, продавници, деловни и други објекти, од кои најчесто одземал парични средства, музичка опрема, компјутери и други предмети, противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на околу 525 илјади денари.
Најголемиот број од одземеното е пронајдено и веќе им е вратено на нивните сопственици, односно на оштетените.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.