еМагазин
Image default
Македонија

Тие што одбиваат да се попишат треба да бидат санкционирани, вели Заев

Луѓето кои одбиваат да се попишат треба да бидат санкционирани, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто не побарале да се продолжи рокот на регистрирање и што ќе биде со тие луѓе што не се попишани премиерот Заев, наведе дека сите знаат како тече процесот на попишување, сите знаат дека внатре најголемиот број од податоците ги имаат од базите.

– Прашањата кој се прашуваат се неколку: етничката определеност, религиската определеност, начинот на одење и враќање од работа или слични прашања. Сите тие прашања или еден процент ако останаа не попишани би биле од две причини. Прво луѓе кои што одбиваат да се попишат и тие треба да бидат санкционирани, изјави Заев.

Заклучно со 29 септември според податоците на Државниот завод за статистика во државата се попишани над 1.8 милиони граѓани. Процесот на попишување кој почна на 5 септември завршува вечерва во 20:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пописот завршува денеска: Досега попишани 1.813.153 лица во земјава и 203.144 од дијаспората

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има доволно време матурантите да се подготват за испитите, ќе нема прашања од периодот на штрајкот

Редакција

Дојава за бомби и во “Мериот“, ФФМ, салата „Борис Трајковски“, 10 скопски и за првпат и во битолски училишта

Редакција

Одбиено барањето на одбраната на Јанкулоска за изземање на судијката Кацарска од „Тенк“

Редакција