еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тлото не се смирува: Регистрирани уште три земјотреси меѓу три и четири степени и 30-на послаби

Уште три земјотреси со локална магнитуда меѓу три и четири степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во државава.

Првиот во 6 часот со интензитет од 3,6 степени, вториот во 13:26 часот со интензитет од 3,7 степени, а третиот во 12 часот со интензитет од 3,8 степени, изјави за МИА, Драгана Черних, раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Таа посочи дека епицентарот на земјотресите бил на границата меѓу епицентралното подрачје на Кичево и Гостивар – Тетово.

– Покрај овие три, регистрирани се околу 30-на послаби земјотреси. Активноста на раседите од епицентралното подрачје Кичево и Гостивар – Тетово се причина за појава на овие земјотреси, додаде Черних.

Рано изутрината во 04 часот и 54 минути беше регистриран земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од пет степени во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар на 50 километри југозападно од Скопје.

Како што соопшти изутрината Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот најсилно бил почувствуван во Гостивар и Маврово со пет степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со четири, а во Битола, Прилеп и околината со три степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со епицентар во Маврово ја разбуди Македонија

(Видео) Земјотресот ги вознемири и жителите на скопската Зоолошка градина

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Домот за стари лица во Радовиш 7 штитеници и тројца вработени позитивни на Ковид-19

Редакција

Жена загина во тешка сообраќајка во Скопје

Редакција

Потрошувачката над еден тон: Во штипскиот ковид-центар 66 отсто од пациентите на кислородна поддршка

Редакција