Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 31.869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоци на ДЗС, најниската просечна нето плата во овој период е исплатена во секторот Заштитни и истражни дејности – 17.878 денари (под минималец – 18.000 денари), следи Производство на кожа и слични производи од кожа – 19.529 денари, па Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа – 19.823 денари, Производство на облека – 22.202 денари и Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 22.406 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку изнесува највисоката бруто плата во јуни
Топ пет највисоки нето плати во јуни