еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 62.818 денари убедливо на врвот

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен која во април 2020 година, изнесувала 25.830 денари.

Во Македонија има професии во кои просечната плата е за повеќе од два пати поголема отколку државниот просек.

На прво место на листата највисоки просечни плати е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде во април била исплатена просечна нето плата од 62.818 денари.

На второто место е секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со исплатена просечна плата од 47.040 денари, а на третото место секторот финансиско-услужни дејности со просечна плата од 44.318 денари.

Потоа следуваат секторот телекомуникации (40.687 денари) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (40.547 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На дното: Пет најниски плати во Македонија

Просечната нето плата во април 25.830 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од недела сите кабелски оператори со времени прекини на ТВ програмата

Редакција

Алијанса за Албанците: Актуелното мнозинство докажа на кој начин останува на власт

Редакција

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

Редакција