Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2020 година изнесувала 26.422 денари.
Статистичките податоци откриваат дека во земјава има дејности каде просечната плата е за повеќе од два пати повисока отколку државниот просек.
На врвот на листата од топ пет највисоки просечни плати по дејности во март е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде била исплатена просечна плата од 63.174 денари.
На второто место е секторот телекомуникации со просечна плата од 49.080 денари, а на третото место секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 46.893 денари.
Потоа следуваат секторите финансиско-услужни дејности (42.900 денари) и осигурување, реосигурување и пензиски фондови (40.031 денари).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната плата во март се зголеми на 26.422 денари