еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 68.557 денари убедливо на врвот

Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен која што во јули 2020 година изнесувала  27.231 денари.

Статистиката покажува дека во Македонија има дејности каде што просечната плата е повеќе од двојно повисока отколку државниот просек.

На прво место на листата со највисоки просечни плати е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просечна исплатена плата во јули од 68.557 денари.

На второто место е секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 46.524 денари.

На третото место е секторот финансиско-услужни дејности со просечна плата од 43.386 денари.

Потоа следуваат секторот телекомуникации (41.477 денари) и осигурување, реосигурување и пензиски фондови (40.045 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет најниско платени професии: Сонуваат за просечна плата

Просечната нето-плата во јули изнесувала 27.231 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петар Милетиќ нов директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија

Редакција

Меркел: Вие сами одлучувате за Вашата иднина, не останувајте дома на 30 септември 

Редакција

Од денеска тридневен протест на матичните лекари: Нема да издаваат рецепти и упати

Редакција