Црвениот крст, Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на 28 август традиционално, по 21-ви пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09 до 17 часот.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје.
Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 20 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција.
Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.
Промотивна објава