И оваа година, по седумнаесети пат, Црвен крст на град Скопје и ООЦК Центар во соработка со ИТМ ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме, информираат од Црвен Крст.
„Крводарителската акција ќе се реализира на 25.01.2021 година (понеделник) во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.
Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се 4.829 единици крв.
При спроведување на акцијата, Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19,“ информираат од таму.
Фото: Хит рекордс