еМагазин
Локално

Трагедија: Кај Романовце загина семејство по удар на воз во нивниот автомобил

Воз удри во автомобил на железиничкиот премин во кумановското село Романовце, во кој загинале тројца членови на семејство.

Според МВР, несреќата се случила во 11.45 часот, на „Превој“, на обележан железнички патнички премин, кога товарен воз на Македонски железници удрил во патничко моторно возило голф со скопски регистерски таблички, управуван од Н. Б., а возилото сопатници биле С. Б., З. Б. и И.Б. сите од Арачиново. Во несреќата загинале возачот и двете сопатнички, додека четвртиот сопатник И. Б. пред ударот успеал да скокне од возилото, и поминал без повреди.

На лице место излегла екипа на Основното јавно обвинителтво и полицијата, и увидот е во тек. По наредба на обвинителот, телата ќе бидат предадени на семејството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Планинар од Скопје почина на Пелистер, кај месноста „Ловечка куќа“

Редакција

Едно лице е потешко повредено при пукање во Чаир

Редакција

60-годишен маж загина откако излетал на патот Кочани – Штип

Редакција