еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија: Маж од Неготино почина, а жена е тешко повредена откако со „Пасат“ излетале од пат

На 31.12.2018 година во 01,55 часот било пријавено дека на стариот пат Кадино – Миладиновци, кај каналот патничко моторно возило „Пасат“ со бугарски национални ознаки, управувано од Т.З.(50) од Неготино, излетало од патот пред мостот во село Кадино, информира МВР.

Возачот починал на местото на настанот, а сопатничката Ј.З.(43) се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен е увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велосипедист кршел „југо“ поради недоразбирање во сообраќајот

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во август

Редакција

Убава вест: 320 оздравени од Ковид-19

Редакција