Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека повеќе од една седмица зема хидроксихлороквин, лек за маларија, како превентива од новиот коронавирус.
– Го употребувам последната недела. Една таблета секој ден, изјави Трамп.
Тој и претходно ја промовираше употребата на хидроксихлориквинот како евентуален лек за Ковид-19 и покрај предупредувањата на лекарите.
Ниту едно истражување досега не покажа дека хидроксихлориквинот има позитивен ефект на заразените пациенти, додека американската Агенција за храна и лекови предупреди да не им се дава медикаментот на заразените со новиот коронавирус надвор од болниците и клиничките истражувања.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рускиот премиер Мишустин оздраве од Ковид-19 и се врати на работа
Во изолација потворно околу 108 милиони Кинези бидејќи корона вирусот се враќа