еМагазин
Image default
Македонија

Тренчевска: Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука

Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука и ќе побара дополнитени информации од надлежното министерство, а ставот на СДСМ по однос на отварањето на рудникот во Иловица е ист со ставот на граѓаните од струмичкиот регион, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчовска на денешната прес конференција што се одржа пред просториите на Општинската организација на СДСМ во Струмица, пред протестот против отворање на рудникот.

Додаде дека Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отворање на рудник во Иловица без консулатација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство усогласено со европското.

Тренчевска истакна дека струмичкиот регион е земјоделски крај, а струмичкото плодно поле е егзистенција за илјадници семејства, а Владата преку ресорното министерство покажала и докажала како треба да се поддржи земјоделството и земјоделците.

-Имаме стопроцентна спроведена Ипард-2 програма во државата и први во регионот почнавме со реализирање на програмата Ипард-3 во вредност од 210 милиони евра наменети за сите сектори во земјоделството и руралниот развој.

Тоа значи дека кога станува збор за земјоделството и здравјето на граѓаните нам како СДСМ тоа ни е највисок приоритет, подвлече Тренчевска, која заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, пратеници и советници од нејзината партија присустуваше на денешниот протестен собир против отворање на рудник во струмичко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шукова: Лично сум против рудници во државава, утре ќе бидам во Струмица за да ги слушнам граѓаните

Реакција на Еуромакс Ресоурсис на изјавата на министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И во МВР имало и има укажувачи, вели Спасовски, по потпишувањето на Договор и меморандум за соработка со Антикорупциска комисија

Редакција

АСМЛ го поканиja, Филипче прифати да присуствува на протестот против насилство врз лекарите

Редакција

Српскиот патријарх Порфириј: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо

Редакција