еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Трговска војна“ може скапо да не чини: Косово една од ретките земји со кои имаме суфицит во размената

Што може нашата земја да изгуби од евентуално распламтување на трговската војна со Косово е прашање кое заслужува внимание откако оваа соседна земја воведе ограничување за увоз на мед и компири од нашата држава.

Ваквиот потег следуваше откако македонската Влада забрани увоз на рибен подмладок и икра од Косово поради несоодветните контроли на производството во оваа земја, а заради исполнување на обврските и барањата од ЕУ.

Доколку дојде до разгорување на оваа трговска војна нашата земја има што да загуби ако се земе предвид дека Косово е една од ретките држави со која остваруваме суфицит во трговската размена.

Дополнително, според податоците на Државниот завод за статистика Косово е на 12. место на листата најголеми трговски партнери на нашата земја.

Во првите шест месеци од годинава вкупната трговска размена меѓу двете земји изнесувала 152,5 милиони евра, од кои на извоз од нашата држава кон Косово отпаѓаат дури 139 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши: Не се вистинити наодите на Косово, подготвени сме за разговор со факти

Косово забрани увоз на компири и мед од Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Низ Македонија приведени 37 лица поради непочитување на забраната за движење

Редакција

19-годишно момче загина во сообраќајка на патот Куманово – Липково

Редакција

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г мобилна мрежа

Редакција